СДСМ: Почитувањето на Законот е глупост за Никола Груевски

Од:

„Никола Груевски нема капацитет да сфати што значи транспаретно и одговорно работење на МВР во интерес на граѓаните.

За Никола Груевски е неразбирливо да се работи по закон и Устав за да се спречат злоупотреби во државна институција.

На Никола Груевски му смета тоа што Министерството за внатрешни работи им служи на сите граѓани на Македонија а не само на неговата ВМРО-ДПМНЕ како во изминатите 10 години.

Граѓаните знаат како функционираше ВМРО-МВРО.

Од проектот Вистината за Македонија граѓаните слушнаа какви се злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување на над 20.000 граѓани.

Доста беше. Нема повеќе ВМРО-МВРО.

Хаос има само во главата на Никола Груевски. МВР работи во интерес и во служба на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“