СДСМ: По големиот скандал молк во Министерството за земјоделство

Од:

 
„Молк во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откако дополнителниот заменик-министер, Љупчо Николовски го објави големиот скандал.
 
Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Србиновски, сегашен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Битола и неговото семејство буквално го имаат запоседнато министерството.
 
Таткото Илија заедно со синот и снаата се вработени во министерството, а сопругата на Србиновски, Слободанка, преку фирмата ИЗ ДЕСИЛ добива 45 хектари државна земјоделска земја под концесија.
 
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Никола Груевски, ниту пак министерството за земјоделство не даде одговор за овој класичен пример на злоупотреба на државните институции за партиски цели.
 
Србиновски и неговото семејство профитирале и од поплавите што го зафатија пелагонискиот регион.
 
Последните поплави Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети.Според проценката на комисијта на општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата Слободанка е 1.118.000 денари. 
 
Скандалот е поголем бидејќи според записникот од инспекорите на терен, овие површини се поплавен намерно, поради рушење на заштитен насип на каналот од страна на Србиновски.  
 
Пред приложените докази и најголемиот минипулатор Никола Груевски – молчи.
 
Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како безобразно ја злоупотребува државната функција.
 
Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како зема субвенции.
 
Молчи заради тоа што семејството Србиновски се фатени во класичен судир на интереси.
 
Со државни пари и функции Груевски ги наградува партиските послушници, за да може преку нив да ги уценува земјоделците. И ова не е единствен случај. Земјоделците постојано реагираат на притисоците што ги трепат за време на избори од овие локални моќници на Никола Груевски.
 
СДСМ ќе продолжи да ги разотриква злоупотребите и да ги штити интересите на граѓаните. Тоа е нашата основна цел со влегувањето во институциите на државата, да бидеме контроли и да спречиме натамошна злоупотреба на државните функции во партиски цели.
 
Вистината мора да излезе на виделина, а сите што го прекршиле законот, да одговараат.

По 24-ти април и промените коишто ќе ги донесе СДСМ ќе значат чесна, одговорна и транспарентна влада којашто ќе работи во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски