СДСМ: По дебаклот на „протестите” јасно е дека на Мицкоски не му веруваат ниту тие 45 учесници

Од:

„Целосно издиша хистеријата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заснована на лажни вести, лицемерие и лажен патриотизам,“ велат во соопштение од СДСМ по вечерашните протести на ВМРО-ДПМНЕ во 20 градови низ земјава.

Еве го во целост соопштението од Социјалдемократскиот сојуз:

“Вечерва со дебаклот на таканаречениот протест, стана повеќе од јасно дека на Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, не му веруваат ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, а не пак народот на кој Мицкоски лицемерно се повикува.

Граѓаните совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години.

Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.

После двете заушки од странство Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ,“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците