СДСМ: Партијата на Мицкоски ги манипулира родителите за дигиталните учебници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното дејствување против реформите во образованието, на штета на граѓаните.На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ е грижа ниту за учениците, ниту за образованиот систем, битни и се само партиските и бизнис интереси, велат од СДСМ, откако денеска на пладне беше одржан протест пред Министерството за образование против дигитализација на учебниците, а ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на истата тема.

„Партијата предводена од Мицкоски организира протести и се обидува да ги манипулира родителите и учениците за да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи. Лага е дека учениците ќе останеле без учебници. Со новото законско решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремнување на начинот на учење овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.Она што ќе го нема, а што навистина и пречи на опозициската партија, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство