СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

Од:

Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“. Денеска е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ – непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри „одлично работат“. Во исто време, Мицкоски на роденденската прослава на својата партија призна дека функционери кои повеќе се грижат за своите позиции отколку за граѓаните, дека се недостапни и далеку од реалните проблеми на луѓето, велат од СДСМ.

– Изгледа дека функционерите го презеле моделот на однесување од Мицкоски. Ова таканаречената реконструкција не е ништо друго освен козметичка операција и обиди за мачкање очи на јавноста. Наместо да се соочат со вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните, економскиот колапс, падот на инвестициите за 60 отсто, буџетскиот дефицит кој е скоро целосно потрошен, и масовното заминување на младите – власта продолжува да си игра со министерски фотелји.

Како да постои некаква разлика, со оглед на тоа што Мицкоски сѐ води сам, исто како и во својата партија. Реконструкција без вистински реформи, без одговорност и без промена на курсот е само нова шминка. Граѓаните не сакаат „нови“ министри кои ќе продолжат со истата политика на долгови, изолација и сиромаштија. Сакаат вистински резултати и вистинска одговорност. ВМРО и ЗНАМ можат да си менуваат министри колку сакаат. Проблемот не е само во луѓето на фотелјите – проблемот е и во политиката која ја водат а тоа со нив не се менува, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“