А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Охрид: Нејасно е како ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, туристичката сезона ја прогласи за пропадната

by А1он17/07/2017 - 18:39123
Share0

Од СДСМ Охрид со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов.

Добивај вести на вибер

„Љубен Арнаудов прво треба да им одговори на граѓаните за неговата вмешаност во настаните од крвавиот 27-ми април кога беше посегнато по уставниот поредок и по животите на пратениците од мнозинството.

Што се однесува на амандманите кои тие ги поднеле за ребаланс на буџетот, ги потсетуваме дека општинските комисии за проценка веќе одамна работат на утврдување и проценка на штетите кои настанале како последица на земјотресите. Всушност, заменик градоначалникот Ангел Јанев кој воедно е и командант на кризниот штаб на општината, а кој денес се појави на партиски прес, за ова веќе би требало да го има информирано својот сопартиец Арнаудов.

Како што и е познато на јавноста, настанатите штети како последица на земјотресите, по утврдувањето од страна на општинските комисии, ги надоместува Министерството за финансии. Толку од теоријата на Арнаудов дека СДСМ не се грижи за граѓаните. Воедно, би сакале да му посочиме на Арнаудов дека настанати штети не се субвенционираат, туку се надоместуваат.

Инаку што се однесува до туристичката сезона, нејасно како ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток ја прогласува сезоната за пропадната. Несериозно и шпекулативно е да се даваат изјави од таков тип. На крајот на краиштата, нивниот градоначалник, Бакрачески веќе четири години не успева да ги сумира резултатите од било која од претходните летни туристички сезони“ се вели во реакцијата на СДСМ Охрид.

ohridsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 11:50

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто