СДСМ: Од почеток на пандемијата до денеска ВМРО ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата

Од:

„Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните.

Дури велеа дека пандемијата не постои, дека е тоа алиби за одлагање на изборите.

Цело време ширеа невистини. Христијан Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема заштитна опрема за здравстените работници додека кршеше мерки, шеташе по кафани, фитнес сали“, реагира СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неговиот Вело Марковски дури велеше дека вирусот не постои, дека маските се непотребни, дека треба да се стекне колективен имунитет.

Еве и вчера, истиот Вело Марковски продолжува, сега отвара им сомнеж во процесот на вакцинација.

Нивната министерка во техничката Влада, Кочовска, го кочеше процесот за изградба на 16 модуларни билници ширум државата.

Е тоа е ВМРО ДПМНЕ. Не грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19.

Ако ВМРО ДПМНЕ мисли дека со седење на страна, со поткопување на здравствениот систем ќе профитира врз грбот на заболените и починатите, тоа ја покажува само нивната морбидност и нечовечност“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ