СДСМ: Очајни маневри на ВМРО-ДПМНЕ, Меџити призна дека власта има договор да го закочи Законот за бранители

Од:

Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители (цитираме) „да остане заглавен“.

После ова признание на Меџити многу очајно личат овие маневри на ВМРО-ДПМНЕ, наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка, посочуваат од СДСМ.

Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители. Иако има обврска согласно Деловникот.

Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.

Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?

Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.

Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари