СДСМ: Носењето на законот за ЈО е во интерес на граѓаните и на европската иднина на државата

Од:

„Донесувањето на Законот за јавно обвинителство, пред се, е во интерес на граѓаните на државата, за владеење на правото, како и за европската иднина на земјата.

СДСМ останува транспарентна и одговорна партија во процесот на носење на Законот за јавно обвинителство и отворена за аргументирани предлози, кои ќе бидат вградени во законското решение, за може до крајот на работата на овој парламентарен состав да се усогласи и донесе Законот за јавно обвинителство.

Во интерес на граѓаните, иднината на државата и владеењето на правото е овој закон да се донесе“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Јасно е дека Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата и секое попречување и спротивставување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство.

СДСМ настојува заедно со европската перспектива која им ја испорачува на граѓаните во овие две години, да ја испорача и ветената правда со казни за сите кои сториле криминал.

Токму законот за јавно обвинителство обезбедува независни обвинителски институции, гарантира објективни судски постапки и создава ефикасен казнив систем.

Законот ќе овозможи гонење на сите криминалци, продолжување на постапките за предметите на СЈО, независен избор на обвинители, односно се што значи правна држава и владеење на правото“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ