СДСМ: Ниту збор од Арсовска за проектите кои им ги вети на скопјани, а не ги направи

Од:

„Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по подолго време денеска се појави пред јавноста. Но, Аровска не кажа ниту збор за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги реализираше. Каде е бесплатниот превоз? Каде се 250 нови автобуси“, прашуваат од СДСМ.

„Зошто проектите важни за скопјани и започнати пред неколку години се уште стојат недовршени, како мостот во Аеродром, клучката кај Момин поток но и многу други?

Дали Христијан Мицкоски стои зад ова и намерно ги кочи сите започнати проекти за свои бизнис интереси?

Поминаа 10 месеци а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ништо од она што беше ветувано пред граѓаните на Скопје“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он