Арсовска: Реконструираме шест спортски терени во паркот во Сарај

Од:

Градоначалничката Данела Арсовска, на денешната прес-конференција се осврна на работењето на Град Скопје во изминатите неколку месеци.

– Изминатите месеци ги посветивме на изработка на нови проекти и завршување на техничките постапки за нивна реализација, проекти кои ги отпочнуваме во интерес и на барање на граѓаните. Започнавме со првиот од петте мега паркови за Скопје, во општината Ѓорче Петров, по четири децении се реконструира улицата Скоевска во Бутел, за првпат се асфалтирани над 20 улици во населените места Волково, Даме Груев, Кисела Јабука, отпочнавме акција за чистење на коритото на Вардар и на Усјанскиот канал, а следат над 30 поголеми проекти до крајот на годината. Денеска најавувам дел од дополнителните проекти кои ги доставив до Советот на Град Скопје за седницата која следи на 31 август, рече градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека на следната седница на Советот на Град Скопје е доставен предлог за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ во општината Гази Баба, што е неопходно за да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот.

– Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која е во катастрофална состојба. Истата не само што е неасфалтирана и раскопана, туку претставува приоритет и затоа мора да се посвети внимание, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Една од предлог одлуките која ја поднесов за следната седница е донесување на одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка, согласно со барањaта на граѓаните за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ во општината Гази Баба, која е оценета како еден од заедничките приоритети. Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини, истакна Арсовска.

На барање на граѓаните, а во насока на подобрување на условите и квалитетиот на живот, Градот Скопје ги реконструира 6-те спортски терени кои се во рамки на паркот во Сарај. Истото ќе се реализираа преку воспоставување на договор за меѓуопштинска соработка со Општина Сарај, а оваа одлука ќе биде дел од следната Седница на Советот на Град Скопје.

– Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети, и истиот ќе се реализира по налог на Град Скопје од страна на јавното претпријатие „Улици и Патишта“ со цел да овозможи за граѓаните кои го посетуваат паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта. Реконструкција на спортските терени во паркот во Сарај е барање на граѓаните скоро цела деценија и конечно се реализираат проектите кои ги истакнуваат како значајни за повисок квалитет на живот, изјави на денешната прес конференција градоначалничката Арсовска.

Таа најави и дека ќе се реализира проект за нови улици во населба Усје во општината Кисела Вода.

– Град Скопје по успешната реализација на проектот за изградба на повеќе од 20-тина улици во општината Ѓорче Петров кои на барање на граѓаните за прв пат се асфалтираат, продолжува со проект за граѓаните на населеното место Усје во Кисела Вода. Со цел да нема заборавени населби, односно на сите граѓани да им обезбедиме соодветни услови за живот, активно работиме да овозможиме рамномерен развој и во урбаниот и во руралниот дел на Скопје, истакна Арсовска на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он