СДСМ: Ниту еден граѓанин нема да биде над законите како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата што ја направи најголемата партизација на државните институции и целокупното општество. 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно поклопување на државата од страна на партијата, кадешто секој којшто не работеше во интерес на ВМРО-ДПМНЕ беше уплашуван, уценуван и угнетуван.

Токму времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше време на протекционизам, партиски реваншизам и партизирање на институциите, а еден од најочигледните примери за тоа беше Министерството за внатрешни работи кое ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска. Граѓаните дознаа како владеело ВМРО-ДПМНЕ, преку наместени тендери, партиски вработувања без соодветно образование и огромни хонорари за партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на остантите граѓани.

СДСМ нема да дозволи ниту еден граѓанин да биде над законите и над останатите граѓани, само затоа што е член или активист на некоја политичка партија, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку Владата што ја предовди, започнува процес на професионализација и департизација на институциите. Институциите ќе функционираат професионално, ефикасно и исклучиво во интерес на граѓаните. Сите граѓани ќе бидат еднакви пред правата и обврските без разлика на нивната етничка, религиска, партиска или каква било припадност“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он