СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

Од:

„Расте нервозата во Белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието по налог на Мицкоски, се обидуваат да создадат тензии и инциденти, за да го одбранат криминалот. Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки“, соопшти СДСМ.

„Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ се виновниците кои го предизвикаа инцидентот во Комисијата за европски прашања.

Но тоа не е прв пат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование, кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието.

СДСМ, како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО