СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Од:

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, невадуваат преку соопштение од СДСМ.

Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови.

Огромниот пад на рејтингот, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите, го принудуваат Мицкоски да бара нов начин да го раздели опозицискиот блок, бидејќи и ВМРО ја губи поддршката од граѓаните.

Европска иднина со ЗНАМ?

Каква смеурија.

Партија која е дел од тендер коалицијата со организираната криминална група ВМРО, која од Македонија направи слепо црево на Балканот, сега зборува за европска иднина.

Во исто време кога највисоките функционери на оваа Влада, вклучително и од ЗНАМ, си обезбедија бугарско државјанство и имаат фирми во Бугарија.

Додека караванот минува, тие делат последни тендери и пари за да ја наплатат својата улога на сателит на Мицкоски на последните избори, кога ја издадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Наместо да се соочат со економскиот колапс, наместо да одговорат зошто Буџетот е празен, зошто пензиониот фонд е загрозен и зошто Македонија е целосно изолирана од европскиот пат, тие прават политички театар.

Здружението на Максим Димитриевски и уште неколку квислинзи од СДСМ, ЗНАМ никогаш не беше вистинска политичка сила.

Тоа беше инструмент во рацете на Мицкоски. Сега кога тој инструмент се распаѓа, тие се обидуваат да го продолжат неговиот живот преку караван и празни слогани.

Но граѓаните веќе ја препознаа играта.

Караванот е театар додека се делат тендери.

Новиот проект на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 е веќе во создавање, само овој пат граѓаните знаат и не се наивни, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он