Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Од:

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем.

Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб.

Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија.

Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

Според плановите на власта, парите кои денес работниците ги уплаќаат во приватните пензиски друштва, треба да се префрлаат назад во државниот фонд – ПИОМ, рече на прес конференција Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор.

Ова е крајно опасно. Власта го загрозува вториот столб кој постои токму за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации.

Неговото укинување или слабеење значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој оваа Влада веќе го доведе до колапс.

Владата планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

Значи Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари и не можат да исплаќаат пензии соодветно.

Јавниот долг рапидно расте, а трошоците за негово сервисирање стануваат сè поголем товар.

Буџетскиот дефицит за целата година е потрошен уште во првата половина. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг.

Сето ова се случува поради една причина: корупциските партиски тендери.

Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници преку тендери скроени по мерка.

Оваа Влада не ја уништува пензијата само на сегашните пензионери туку и пензијата на нивните деца и внуци.

Тоа е катастрофалниот резултат на Мицкоски во изминатите 2 години и тој е одговорен што идните генерации ќе работат цел живот, а на крајот ќе останат без достоинствена пензија, рече Младеновска.

Би можело да ве интересира

Македонија единствена со непроменет Втор пензиски столб, Владата ги разгледува сите опции

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година – особено значаен сегмент се капиталните инвестиции

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Шефицата на Европската централна банка заминува од функцијата: „Повеќе не можам да бидам неутрална“

ВИДЕО: Јована проговори јавно по долго молчење: „Бев силувана на 16 години“

Предраг Петровиќ

Стоби Флипс ги наградува потрошувачите, автомобил и уште 704 изненадувања

Предраг Петровиќ