СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Од:

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот суд.

-Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана, појаснуваат од партијата.

Покрај ова, сметаат дека таа може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат.

-Уставниот суд треба да работи согласно Уставот и да ги спроведува сите иницијатви согласно законите, велат од СДСМ.

Пратеничката група на Европскиот фронт на 3 јуни до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Ден потоа пратеникот Илир Хасани на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.

-Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирање на оваа инстицуија и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече тогаш Хасани.

Уставниот суд се огласи по поднесената интерпелација и рече дека во врска со можноста за интерпелација на уставен судија, Судот веќе официјално има соопштено став на 13 март 2025 година.

Во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Уставниот суд во март годинава, излезе со став дека „Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт“ и дека институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Пензионери се собраа пред Уставен суд: Со процентуално зголемување, ќе немаме за леб

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот