СДСМ: Не успева сценариото на Мицкоски, ќе има одговорност за организаторите на насилствата од 27 април

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се нивните единствени, реагираа од СДСМ преку соопштение на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски не успеа да го оттгргне фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен организатор на насилствата од 27- ми април кога беа нападнати пратеници, полицијаци и вработни во Собранието, се вели во реакцијата.

„Наместо да продолжуваат со создавање тензии, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да им се извинат на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера, мора да се извинат што медиумите и порталите под нивна контрола вчера лажеа и ширеа драматични шпекулации во јавноста.

Соодветна и целосна истрага од страна на иунституциите, ќе ги даде сите одговори за инцидентот во затворот Скопје.

Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.

Насилството ќе биде соодветно санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он