СДСМ: Наместо на страната на граѓаните, Мицкоски постојано е на спротивната

Од:

„Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси.

Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем, тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од КОВИД 19, организира масовни собори каде не се почитуваат никакви протоколи“, велат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиоти најмоќен воено-безбедносен сојуз.

Во меѓувреме, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.

Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните.

Продолжувањето на деструкцијата само покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните, туку дека тој се води од личните и партиските интереси.

Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ