А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наместо извинување, Диме Спасов веќе 4-ти ден се крие од јавноста

by А1он02/11/2016 - 10:21343
Share0

„Наместо извинување и преземање одговорност, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов веќе четврти ден се крие од јавноста, надевајќи се дека неговото дивеење наскоро ќе биде заборавено. Наместо да понесе одговорност, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, чие службено возило Спасов го злоупотреби за дивеење по скопските улици, и тој се впушти во бранење на злоупотребите.

Добивај вести на вибер

Тоа уште еднаш докажа дека во врвот на ВМРО-ДПМНЕ – сите се Диме Спасов!
Скандалозниот случај во кој заменик – министер со службен автомобил земен од туѓа институција и надвор од работно време, во доцните вечерни часови, предизвика сообраќајни несреќи низ скопските улици, а потоа бегаше од полицијата – мора да добие разрешница.

Случајот во кој за само една вечер се направени неколку кривични дела и се вмешани две државни институции мора да биде расветлен што поскоро. И Диме Спасов и Влатко Поповски мора да сносат и правна и политичка одговорност.

Помина времето кога послушниците на Груевски минуваа неказнето за нивните испади. За сите кои го прекршиле законот во овој, но и во други случаи одговорност мора да има и ќе има.

Освен пред законот, ќе одговараат и пред граѓаните. На 11 декември граѓаните на Македонија ќе им врачат откази и на Диме Спасов и на Влатко Поповски и на сите оние кои десет години се однесуваа девијантно и криминално без притоа да сносат никаква правна и политичка одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

dime spasovsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 11:50

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто