СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Од:

Министерката за финансии најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, стои во соопштението на СДСМ.

– Прво повикува, а потоа бега. Бега затоа што јасно баравме средбата да биде јавна, пред камери, пред граѓаните. Да ни објасни како за две години ја задолжија државата со нови 2,5 милијарди евра, како долгот стигна до 11,3 милијарди и зошто бара нови кредити за нови тендери.

Ја нема. Зошто? Затоа што не може да објасни. Како и секогаш кај ВМРО – сè е лага и пропаганда. Кога треба да одговараат со факти и бројки, тие бегаат или создаваат нов дефокус. Граѓаните заслужуваат вистина, а не алиби и театар. Одговорност, реформи – Европа сега, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен