СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

Од:

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа стратешка цел на државата, неопходни се потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени велат од СДСМ.

– Одговорноста за европската иднина на земјата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски не дава одговор дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок. Мицкоски стои пред одлуката, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник, Никола Груевски. Бегалецот Груевски, 11 години, од 2006 до 2016 година, го одолговлекуваше и го блокираше патот на Македонија кон ЕУ, ја претвори државата во заробена, скарана со соседите, во меѓународна изолација, со сваровски судство, диктирање пресуди по телефон, без слобода на медиумите, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците