СДСМ: Мицкоски со невистини ја поткопува истрагата за Онкологија

Од:

Христијан Мицкоски со континуирано изнесување невистини ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија. Ако Мицкоски навистина има докази треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство, велат од СДСМ.

– Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија, а прикривање докази е кривично дело. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и се наметнува прашањето која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот. После 20 години, гласини и индиции за прв пат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП