СДСМ: Мицкоски со истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на вечерашниот говор на Христијан Мицкоски.

„Вечерва јавноста, граѓаните, слушнаа уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање на Христијан Мицкоски.

Ништо ново.

Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните.

Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.

Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара, излитена, расипана плоча.

Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски.

Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација.

Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски.

Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

Мицкоски: Македонија се позиционира како регионален транспортен и енергетски хаб

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија