СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Од:

Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија. СДСМ, како најсилна опозициска партија, продолжува да биде коректив и столб на прогресивните вредности во нашата држава, велат од партијата.

„Очекувањата на Мицкоски за распад на СДСМ не само што не се остварија, туку реалноста го принудува да се соочи со вистината: СДСМ е консолидирана, мотивирана и подготвена за нови победи. Новото раководство на СДСМ е тим кој ги обединува капацитетите на млади и искусни кадри со целосна посветеност на интересите на граѓаните.

Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е сериозно нарушен со бројни скандали во изминатите пет месеци. Неговата партија е заробена во коруптивни афери, кои ја деградираат не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и целокупната политичка сцена во Македонија.

Токму затоа, изјавите на Мицкоски се обид да ја дефокусира јавноста од проблемите во неговите редови. Наместо да ги решава нерегуларностите и да се справува со лицата кои ја рушат довербата во институциите, Мицкоски се занимава со празни критики кон СДСМ, кои само ја рефлектираат неговата неспособност и немање визија за иднината на земјата.

СДСМ ќе продолжи да се бори за интересите на граѓаните, да предлага и реализира решенија за подобра иднина, и да биде вистинска алтернатива на Владата која Мицкоски ја претставува. Локалните избори, кои тој ги спомнува, ќе бидат тест не за СДСМ, туку за неспособноста на неговото раководство да испорача резултати на терен.

На граѓаните им е јасно: Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да се справат со сопствените проблеми, а камоли да ја водат државата кон стабилна и европска иднина. Затоа, СДСМ останува подготвена да ја предводи борбата за напредок, чесност и правичност. Со СДСМ, Македонија има иднина. Со Мицкоски, само нови скандали“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ