СДСМ: Мицкоски манипулира со бесправни изјави на пратеници

Од:

Наместо да им се извини на граѓаните за лагите, кои му пропаднаа Христијан Мицкоски прави нови манипулации, со кои ги лаже не само на граѓаните, туку и членовите на неговата партија. Потонат во очај Мицкоски, мафта со некакви изјави на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, наводно заверени на нотар, кои се се неважечки, незаконски и противуставни велат од СДСМ.

– Тоа се истите пратеници кои ја напуштија собраниската сала и не гласаа кога Собранието донесе државничка одлука и ги усвои Заклучоците што обезбедуваат почеток на преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност. Мицкоски останува заглавен во минатото и најавува нови блокади, сопки, најавува и наводен референдум. Граѓаните знаат дека исто вака најавуваше Мицкоски референдум и за пописот. на крај се сведе на потписи на неговите членови на парагон блокчиња без правно дејство, исто како изјавите на неговите пратеници. Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави ги контролира пратениците и ја лаже јавноста се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците