СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

Од:

Мицкоски, Лефков и сите коишто јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните и на Ковачевски за сите фабрикувани афери, кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски велат од СДСМ.

– Измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и потврди дека нема основ за покренување постапка против претседателот Ковачевски. Очекувано се потврди она што Ковачевски јавно го кажа, дека тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист. Исто така уште еднаш се потврди дека Белата палата е извор на лажни вести,конструкции и шпекулации, со кои се обидува да ја манипулира јавноста се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Црвена младина: Мицкоски е отсечен од реалноста – младите не формираат семејства поради ужасни услови за живот

Мицкоски: Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Горан Наумовски

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски