СДСМ: Местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Од:

Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот, велат од СДСМ во своето соопштение.

„Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите.

Но, освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија.

Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата предводена од СДСМ веќе даваат резултати.

Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст извозот во 2018 бележи од 21,8 отсто во однос на 2017 година.

Податоците за трговската размена, покажуваат дека по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.

Растат платите, растат инвестициите и индустриското производство, а невработеноста опаѓа“, се вели во партиското соопштение.

По влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, велат од СДСМ, овие параметри дополнително ќе се интензивираат, што ќе значи силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина