СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Од:

Наместо да собере доблест и да се извини за навредливите и дискриминаторски изјави кон пратеничката Славјанка Петровска, министерката за финансии синоќа на телевизија продолжи со арогантни и понижувачки пораки, велат од СДСМ.

– Откако пред четири дена ја праша пратеничката „со кое право во уста ги ставате мајките“ и „како вие знаете колку треба да троши едно повеќечлено семејство“, сега министерката оди чекор понатаму – во телевизиско интервју цинично порача дека „ако толку не интересира, може да се распрашаме за нејзиниот живот.“

Ова е крајно загрижувачко однесување на Кочосока, без трошка емпатија и чувство за јавна функција. Вакви луѓе не смеат да бидат на Клучни позииции во државата, а Мицкоски три дена молчи и не ја разрешува. Дали и тој ги дели овие ставови за жените, дали ќе ја брани „до последно“?

На министерката СДСМ има да и порача едно: Покажавте целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер.

Министерска функција подразбира одговорност, а не ароганција и навреди. Наместо да покаже минимум култура и емпатија, министерката дополнително ги продлабочи навредите, покажувајќи дека или не разбира што кажала или се обидува да се извлече со уште поголема дрскост. И во двата случаи тоа е катастрофа.

Ова не е само личен став на една министерка. Ова е прашање за кое Владата мора да се изјасни – дали премиерот стои зад ваквиот однос? Дали за него е прифатливо министерката за финансии да дискриминира и да навредува?

СДСМ најостро го осудува ваквиот однос и бара министерката за финансии веднаш да биде разрешена. Ваквата ароганција и игноранција немаат место во една одговорна влада, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он