„Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни.
Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат.
Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни“, се вели во соопштението на СДСМ.