СДСМ ќе го поддржи законот за бранителите

Од:

СДСМ ќе гласа за законот за бранителите, бидејќи велат, принципиелно поддржуваат секој Закон кој ќе го подобри статусот на бранителите.

Ние, изјави Игор Ивановски, уште во 2008 година го подржавме законот изготвен од самите бранители и „Достоинство“, кој беше потпишан од 30 илјади граѓани, како што и секоја година, вели, при буџетската расправа со амандмани бараме да се обезбедат средства за нивните права.

„Тогаш, Груевски и ВМРО ДПМНЕ, заради мир во коалицијата со ДУИ не го поддржаа законот и досега без исклучок ги одбиваа сите предлози кои требаше да го подобрат статусот на бранителите.Во 2008 година, ВМРО-ДПМНЕ го одби законот единствено заради дневно-политички пазар со ДУИ.Сега се случува истото – владејачката партија предлага закон само за да ја покрие штетата од актуелната кавга со својот коалиционен партнер“, изјави Ивановски.

Очигледно е, рече Ивановски, дека и тогаш и сега на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му се важни правата на бранителите, туку дневните политички пазари во владината коалиција.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ