СДСМ: Иванов во најкраток рок да го реши статусот на Претседателот на Комисијата

Од:

СДСМ уште еднаш го повикува претседателот Иванов во најкраток можен рок  да го реши статусот на Претседателот на Комисијата за истражување на настаните од 24. декември, Борче Давитковски.

„Во меѓувреме, пратеникот Илија Димовски не е во позиција да свикува седници на Комисијата, а уште помалку има право да поставува ултимативни рокови на останатите членови. Ако требаше Комисијата да работи со 4 члена од партиите и без претседател, таа ќе почнеше да работи уште на 16. март, кога и беа именувани членовите, а не на 11. јуни, кога беше постигнат договор и именуван нејзиниот претседател, Борче Давитковски.

– Најважно од се: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во целост и принципиелно ги има исполнето сите свои обврски превземени со Договорот од 1 март. Очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ наместо зборови и критики, конечно ќе покаже на дело дека е заинтересиран за расветлување на настаните од 24. декември“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска