СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

Од:

„Додека граѓаните на Кочани секојдневно протестираат барајќи неселективна правда, Владата предводена од Тошковски и Мицкоски прави се за да ги заштити своите и да ја дефокусира јавноста. Истрагата за трагедијата во Кочани се претвори во класичен политички театар во режија на ДПМНЕ. Наместо да се фокусираат на актуелните пропусти вечерта на трагедијата, кога полицијата не реагирала, не затворила објект и дозволила присуство на малолетни и пиротехнички средства, власта оди десет години наназад сѐ со цел да ги заштити актуелните началници и службеници од други институции кои биле директно одговорни за настанот“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „Се отвора мега-процес, вештачки надуван, во кој не се гони конкретна одговорност, туку се гради наратив – да се покаже „одлучност“ и „борба против криминал“ со цел прикривање на вистински одговорните. Таков пристап е опасен. Не само што ја поткопува правната држава, туку и неправедно цели кон луѓе кои можеби имаат институционални пропусти, но не се директни виновници за трагедијата. Така семејствата на загинатите нема да добијат правда“.

„И додека се бркаат чиновници од пред десет години, началниците и командирите што таа вечер имале директна обврска да постапат, остануваат недопрени. Владата сака јавноста да заборави дека полицијата била таму и не направила ништо. Згора на сѐ, со ваквиот пристап се ставаат под прашање и самите правни постапки – кои стануваат товар и за обвинителството и за судството“ е ставот на СДСМ.

Од опозициската партија бараат „Итно проширување на истрагата кон актуелните функционери што биле директно одговорни вечерта на трагедијата. Да се стави крај на политичката злоупотреба на обвинителството и институциите“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација