СДСМ: Историскиот чин за Интервентната кардиологија во Битола е чист популизам

Од:

Пред 2 месеци, во Битолската клиничка болница, тимот на Др. Кедев успешно ја изведе процедурата на коронарно стентирање кај 3 пациенти.

Министерот за здравство, тогаш, помпезно го најави започнувањето со работа  на новиот Центар за интервентна кардиологија во Битола.

Започна, ама не продолжи!

Листата на чекање за оваа интервенција постојано расте и  запишани се  околу  30 пациенти.Итните пациенти наместо да се третираат веднаш или во охрид согласно изјавите на пациентите се испраќаат во  Скопје.

Затоа менаџерскиот тим на Битолската болница треба да даде одговор зошто се  затскрива проблемот со интервентната кардиологија ,

–          Кога, најпосле ќе почне со работа Центарот за интервентна кардиологија

–          господине тодоров дали фалењето дека не ја заборавате Битола и клиничката болница беше уште едно ваше нереализирано ветување

Оти, сите знаеме дека за да се спаси еден живот од срцев удар или да се спречи  поголемо оштетување на срцевиот мускул, факторот време е најважен, стои во соопштението на СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците