СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

Од:

Додека Мицкоски секој ден се појавува на телевизија и се фали со „рекорден раст“ и „успеси“, секој граѓанин ги чувствува ужасните економски политики на Владата. Платите, кои и онака не растат, вредат сè помалку, и со приходите што ги имаат македонските семејства може да се купи сè помалкувелат од СДСМ, велат од партијата.

„Инфлацијата во јуни е 4,5%, највисока во години. Тоа значи дека сите тие приказни за раст на БДП и зголемени плати се само на хартија. На пазар и во маркет, тие пари вредат сè помалку.

Мицкоски зборува за раст на БДП од 3,4%, а вистината е дека е само 3%, што е помалку од инфлацијата. Кога цените растат побрзо од економијата, тоа значи дека сме посиромашни, а не побогати, и дека економијата паѓа, а не расте.

Македонија и понатаму е на дното во Европа по стандард. Просечниот македонски граѓанин има само 42% од животниот стандард на ЕУ. Дури и Србија и Црна Гора се пред нас.

Граѓаните денес избираат дали да купат леб или да платат сметки. Минималната плата нема да се зголеми, но функционерските плати се зголемуваат. Просечната плата стагнира, но владата не се откажува од луксузот на скапи патувања, милиони потрошени на ПР и кампањи, и возење со приватни авиони. Затоа што на власта ѝ е важно да се награди себеси, а не работниците. СДСМ ќе продолжи да бара итни мерки за заштита на стандардот и ќе предлага закони со кои загарантирано парите ќе се вратат кај граѓаните. Политиките на СДСМ за економијата и платите се покажаа како далеку поефективни и насочени онаму каде што треба, за раст на приходите на граѓаните. Зголемување на минималната и просечната плата, тројно зголемена социјална помош, раст на пензиите, милијарда евра поддршка за компаниите, се мерки со кои СДСМ ги поддржа граѓаните и стопанството. ВМРО‑ДПМНЕ нема ниту една реална мерка за граѓаните, и токму затоа животот станува ужасно тежок, тврдат од партијта.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ