(ВИДЕО) СДСМ: Илиевски и неговото семејство беа жртви на монтирана политичка хајка

Од:

„Денес сме овде, пред Министерството за внатрешни работи за да ја потсетиме министерката Јанкуловска дека вистината секогаш победува.

– Без разлика на притисоците и монтираните судски процеси, во Македонија се уште постојат луѓе кои не подлегнуваат на самоволието на власта.

– Тоа го потврди и Апелациониот суд од Битола кој го ослободи Душко Илиевски од монструозните обвинувања на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека е дилер на дрога.

– Јасно е дека Дуле и неговото семејство беа жртви на монтирана политичка хајка со која режимот се обиде да ги заплаши и замолчи.

– Во секоја нормална демократска држава, после ваква пресуда на Апелациониот суд, најмалку, министерката за внатрешни работи ќе си поднесеше оставка“, изјави Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар