СДСМ: И најблиските соработници креваат раце од Груевски

Од:

Груевски наместо да се крие зад партиските соопштенија, треба да излезе и конечно да се изјасни за аферата поврзана со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, изнесена со аудио доказите објавени од СДСМ, велат од опоѕициската партија.

Од снимените разговори, граѓаните слушнаа и разбраа со какви бескрупулозни методи и законски злоупотреби, Груевски и ДПМНЕ ги добивале последните изборни циклуси. Манипулациите со изборниот материјал, лични карти со лажни адреси за гласачи Македонци од Албанија, исклучување на лифтови на изборен ден, закани и затворање на бизниси и стопанственици, се само дел од прашањата за кои дополнително ќе биде понесена одговорност.

Конечно, после сите корупциски и криминални скандали и афери, на граѓаните на Прилеп им е недвосмислено јасно, зошто и најблиските соработници на Груевски, креваат раце од него и не се појавуваат во негова близина.

После Април 2016, СДСМ започнува со процесот на суштинско и долгорочно решавање на економските, инфраструктурните и социјалните проблеми на граѓаните во Прилеп и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!