СДСМ: И Економист предупредува дека Македонија е на пат кон авторитарен режим

Од:

„Граѓаните на Македонија имаат итна потреба од нова реформска Влада!

Македонија е на пат да стане авторитарен режим со власта во заминување на Никола Груевски, од каде што почнале проблемите.

По организацијата Фридом Хаус, ваква оценка стига и од светски почитуваниот медиум Економист Интелеџенс Јунит (Economist Intelligence Unit).

Во 2006 година кога дојдоа на власт Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Македонија била рангирана како демократска земја со некакви недостатоци. Десет години подоцна, во 2016, Економист ја рангира Македонија во хибриден режим.

Македонија бележи пад во сите категории на функционално демократско владеење и граѓански слободи. Најниско стои на полето на функционалност на власта и политичка култура. Дури и Уганда и Танзанија се подобри од Македонија по овие параметри!

Под хибриден режим Економист подразбира земји каде што постојат изборни неправилности, Владата прави притисоци на политичките опоненти, нема независно судство, распространета е корупцијата, има притисоци врз медиумите, нема владеење на правото, има неразвиена политичка култура и постојат проблеми во севкупното владеење.

Граѓаните на Македонија не сакаат Македонија да биде режим. Затоа на кредибилни избори се изјаснија за промени и правда. Формираа легитимно парламентарно мнозинство. И следен чекор ќе биде нова реформска Влада на граѓаните, којашто ќе ги спречи тенденциите кон авторитарен режим и ќе обезбеди демократски развој на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар