СДСМ: Груевски знае дека на криминалните избори во 2014 година не одлучуваше народот

Од:

„Груевски добро знае дека на двојните криминални избори во 2014 година, не одлучуваше народот, туку одлучуваа, во име на граѓаните, тој и институциите под негова контрола.

Ако Груевски тврди дека тој и неговата власт се фокусираат на своите грешки, тогаш треба да го признае ова зло што им го нанесе на граѓаните и на Република Македонија, како на домашен, така на меѓународен план.

Ако Груевски тврди дека е подготвен за соработка, тогаш, треба да каже дека, во интерес на граѓаните и враќањето на демократијата во земјата прифаќа да разговара за 5-те теми што ги предложи опозицијата за излез од политичката криза по нерегуларните избори.

Ако Груевски не го стори ова, станува јасно дека Никола Груевски, за жал и во 2015 година ги продолжува лицемерните политики“, се вели во реакцијата на СДСМ на дел од обраќањето на Никола Груевски.

.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!