СДСМ: Го поздравуваме тоа што ДКСК отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

Од:

Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.

Тоа е за поздравување.

Велковски е незаконски назначен од Арсвоска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен паушал од 18.000 денари, додека како секретар на Градот тој има плата од околу 50.000 денари.

Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.

Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните, реагираат со соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација