СДСМ: Гласањето на Законот за заштита од дискриминација ќе биде прва задача на нашето парламентарно мнозинство

Од:

СДСМ изразува загриженост за укинувањето на Законот заспречување и заштита од дискриминација.

“Законот беше подготвен во соработка со невладиниот сектор и беше ветер во грб за забрзување на евроинтеграцискиот процес на нашата држава. Со него, се овозможи професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, со проширени надлежности во делот на превенцијата, ослободена од политички и партиски влијанија, а за прв пат како основи за дискриминација се воведoа родовиот идентитет и сексуалната ориентација.

Затоа, веднаш после изборите, прва задача на новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, ќе биде затворање на ова прашање, преку носење на нов Закон кој ќе штити од секаков облик на дискриминација, низ процедура која ќе биде целосно уставна и неоспорлива“, пишува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%