СДСМ: Ѓорче се поплавува зашто ДПМНЕ наместо канализација прави тениски игралишта

Од:

Вчера, граѓаните на општина Ѓорче Петров ги доживеаја резултатите од ветувањата и делата на градоначалникот Сокол Митровски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Поплавени улици, домови, подруми, голема материјална штета…тоа се делата на оваа локална власт.

– Својствено за ВМРО-ДПМНЕ, приоритети даваат на тениски игралишта и изградба на споменици додека инфраструктурата во општината за нив е мисловна именка.

– Граѓаните на Ѓорче ја платија цената на погрешната одлука на советниците на ВМРО ДПМНЕ за пренамена на средства од фекална канализација за садење на вештачка трева на фудбалскиот стадион.

– Додека градоначалникот Сокол Митровски се сонча на некоја плажа и ужива во годишниот одмор, граѓаните на Општина Ѓорче Петров се дават во фекалии и нечиста вода, поради немањето желба за изградба на фекална и атмосферска канализација.

– Советниците од СДСМ и Сојузот на иднината ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани затоа што таа обврската граѓаните на Ѓорче Петров ни ја дадоа со нивната силна поддршка на изборите со преку 11.000 гласови.

– Во таа насока, Советничката група на Сојузот за иднината на наредната седница ќе побара започнување на итна постапка за конечно решавање на овој проблем“, изјави на денешната пресконференција Снежана Трајковска, Координатор на Советничка група во Советот на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов