СДСМ ги распореди „бомбите“: На 2. април во Куманово, на 4. април во Прилеп, на 8. април во Битола

Од:

Следната среда, на 8. април, токму пред Велигден, опозицијата ќе ги фрла „бомбите“ за Битола, потврдуваат извори од општинската организација на СДСМ во Битола.

Опозицијата во градот под Пелистер веќе се подготвува за денот, кога лидерот Заев ќе обелодени дел од прислушуваните материјали што се однесуваат на владини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Битола замешани во криминал.

Но, она што ќе биде ново е што опозицијата веќе имала материјали што сведочат како се подготвуваат и местат лустрации на повеќе битолчани кои во изминатиот период беа „жигосани“ со процесот на лустрација.

Најголем дел лустрирани од внатрешноста во Македонија беа токму од Битола.

Станува збор за поранешни локални функционери на СДСМ, високи партиски функционери, како и за вработени во службите за државна безбедност.

Од опозицијата во Битола велат дека пред Битола, „бомби“ ќе одекнат на 2. април во Куманово и на 4. април во Прилеп.

Извор: META

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните