СДСМ: Единствено време кога нашата држава била заложник се 11 години на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Од:

„Единствено време кога нашата татковина беше заложник се 11те години на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

Во тоа време извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски беше најлошиот, нејнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кога струјата ја покачи над 100%.

Додека граѓаните врзуваа крај со крај, Груевски и послушниците се расфрлаа со парите на граѓаните“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години заложништво, значеше исто толку години замрзнати плати, пензии, стечајци на улица, селективни и ненавремени субвенции, младина без можности за напредок и без шанси за иднина поради изолацијата.

Доаѓањето на СДСМ на власт е време на ослободување на државата од заложништво и градење на демократијата. Денес секој има право на свое мислење и став, не се шепоти повеќе туку гласно се зборува.

Наспроти деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ успеа за најкраток рок од 2.5 години, да реши клучни и стратешки прашања за државата и донесе мерки и реформи во интерес на граѓаните и државата. Денес имаме минимална плата од 14.500 денари и просечна со највисок раст досега, решен статус на 12.000 стечајци, повисоки пензии, 60 илјади нови работни места, најниска невработеност од 17.1% неселективни и навремени субвенции и можности за младите да останат и напредуваат во својата татковина.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ