СДСМ до Димитриев: Дали Џерси е првиот даночен рај пред потпишување на официјален Договор?

Од:

Техничката Влада на премиерот Емил Димитриев на последната владина седница наместо да разгледува информации за прочистување на Избирачкиот список и создавање на услови за регуларни и фер избори разгледуваше информација за склучување на Договор за одбегнување на двојно оданочување со островот Џерси, стои во соопштението на СДСМ.

„Станува збор за држава позната како даночен рај со којашто техничката Влада на Димитриев очигледно ќе воспоставува соработка.

Дали приоритетот на техничката Влада на Димитриев е склучувањето на Договор со даночниот рај Џерси пред исполнувањето на условите за фер и регуларни избори што е всушност основна функција на оваа техничка Влада одредена со Договорот од Пржино?

На екс-премиерот Груевски и фамилијата на власт рајските шеми и острови им се добро разработена стратегија за изнесување на пари од државата па оттаму не изненадува фактот што и Димитриев верно ги следи со вакви скандалозни потези. Прашањето до Димитриев е дали Џерси е првиот даночен рај пред потпишување на официјален Договор. И дали откако беа откриени фирмите во Белизе, Џерси треба да биде новата пералница на пари за криминалите на власта“, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он