А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Диме Спасов ги понижува најзагрозените

by А1он29/08/2016 - 17:04316
Share0

Диме Спасов повторно си игра кампањи со најзагрозените категории граѓани, фалејќи се дека постои условена можност за 12.000 денари финансиска помош за учениците средношколци од семејства од социјален ризик. Она што Спасов не соопштува е дека тие средства се на годишно ниво и дека релната и условена помош би изнесувала само 1000 денари месечно, пари со кои не може ниту храната да се покрие, стои во соопштението на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Наместо тоа, она што мора да се направи и она што СДСМ ќе го направи во скора иднина е ослободување на социјално загрозените семејства од сите административни трошоци за образование, ваучери за книги, училиштен материјал, облека, храна и посета на факултативни активности, ослободување од патни трошоци и други директни бенефици, како на пример, 1000 денари месечно за социјални активности. Само ваков пакет ќе овозможи намалување на класните разлики, а со тоа ќе им се даде шанса на децата да се чувствуваат еднакви и да постигнуваат подобри резултати.

Ова уште еден од низата квази-проекти на ВМРО-ДПМНЕ со кои никако не се подобрува состојбата на децата во социјален ризик. Додека Владата се луксузира со милионски суми, најзагрозените ги понижува со минимална помош. Единствената добра вест е дека крајот на оваа расипничка власт е близу а доаѓа време на еднакви можности, заштита и помош за најзагрозените“, велат од СДСМ.

dime spasovnevreme vo Skopjepoplavasdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен