СДСМ денеска одлучува за „бомбата“ која ќе „пука“ од понеделник

Од:

Денеска централниот одбор на СДСМ ќе носи конечна одлука за тоа што ќе прави партијата со комптомитирачките материјали.

Снимките и другите докази, како што најавуваат од СДСМ, ќе предизвикаат оставки на највисокиот државен врв, почнувајќи од премиерот.

„Штом ќе бидат донесени одлуките, раководството на партијата очекува и неколку други партии од опозицискиот блок да донесат одлуки. Тоа би било викендов. Реално, почетокот на идната недела е периодот кога ќе почнат да се споделуваат доказите. Ја сум подготвен на сè и не би бил изненаден ако ме уапсат при првиот обид да ги обелодениме информациите“, вели Заев за Бирн, посочувајќи дека бил подготвен на сè и оти не би бил изненаден да го уапсат при првиот обид да ги обелодени информациите.

За обвинувањата на премиерот Груевски дека го уценувал со компромитирачки, нелегално снимани материјали, Заев вели дека не соработувал со странски служби и оти Груевски прв ја потегнал дебатата за „бомбата“ на нивните четири средби, а не обратно

Заев вели дека бомбата ќе се објави, не можат сите да ги уапсат, но доколку ова не успее, тогаш ќе си оди од функцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема