СДСМ: Дали власта во скандалот „Телеком“ штити поединци кои работат за неа?

Од:

„СДСМ вчера, до јавното обвинителство, поднесе кривична пријава, поврзана со скандалот во „Телеком“, поради сомневања за поткуп на високи владини функционери, како и оделни политички партии , во периодот од 2005-2006 година.

– Се работи за веќе докажан криминал од американските правосудни власти, за кои се изведени прецизни и јасни докази, а за што „Дојче Телеком“, склучи вонсудска спогодба за отштета од 95 милиони долари.

– СДСМ вчера кривичната пријава ја поднесе против непознат сторител и наместо одговор од јавното обвинителство или МВР, експресен одговор добивме од владејачката ВМРО-ДПМНЕ,  во чија реакција се посочуваат имињата на Владо Бучковски и Димитар Бузлевски.

– Она што сакаме денес да прашаме е следното:

– Дали ова значи дека она што за нас е непознат сторител, за владејачката партија се познати сторители во скандалот “Телеком“ и затоа располагаат со докази?

– Ако е така, зошто тогаш правосудните органи, Јавното обвинителство и МВР, кои се под целосна контрола на оваа партија, досега не преземаа никави активности и не иницираа истражна постапка, во насока на расчистување на овој скандал ?

– Дали причинита за очигледното одолговлекување и заташкување на овој случај, е фактот што постои сомнеж дека дел од оваа афера е и партиската фирма на ВМРО ДПМНЕ „Аналитико АИ“?

– Или се точни се погласните шпекулации во јавноста, дека токму со вакви случаи, од страна на ВМРО ДПМНЕ се врбуваат поединци уценети со кривични пријави и со одложување на судски процеси, за да одработуваат сценарија, со кои треба да нанесат штета на опозицијата“, изјави Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите