СДСМ: Дали Левица, коалицискиот партнер на Мицкоски, ја поддржува руската агресија

Од:

Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија. Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина велат во соопштение од СДСМ.

– Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина? Ваквите ставови на Левица се спротивни на државните и националните интереси и меѓународното позиционирање на Република Северна Македонија. Со ова уште еднаш се потврдува дека партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата Левица е антизападна структура која работи на штета на државниот интерес, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот