СДСМ: Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија

Од:

Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу.На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ велат од СДСМ.

– На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу. За седум години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите. ДПМНЕ само за два месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила. Одговорност за овој недемократски чин мора да има, заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он