А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Борисов си поднесе оставка, а Груевски создава илузија дека Владата има легитимитет

by А1он21/02/2013 - 14:5921/02/2013 - 14:59148
Share0

Опозициската СДСМ денеска оцени дека Владата  создава излузија оти има легитимитет и упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните на слободни и фер парламентарни избори.

Добивај вести на вибер

Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ на прес-конференција, преку паралела на политичките кризи во Македонија и Бугарија, наведе дека во државава ситуацијата е посериозна, а проблемите на граѓаните уште поголеми.

Во Бугарија, посочи, Владата си поднесе оставка за покачување на струјата од 14  проценти, а во Македонија од доаѓањето на актуелната власт цената на струјата, на барање на ЕЛЕМ пораснала за 82  проценти, а цената на МЕПСО за дури 180  проценти и е укината и дневната евтина тарифа.

„Премиерот Бојко Борисов вчера поднесе оставка од функцијата со образложение дека не може да гледа парламент опкружен со полициски огради и да биде сведок на судири на полицијата со демонстрантите кои се противат на поскапувањето на струјата.

Тој изјави дека власта ја добил од народот и дека на народот му ја враќа.

За жал, во Македонија ситуацијата е посериозна, а проблемите на граѓаните уште поголеми.

Еве ги фактите за споредба.

Во Бугарија, владата си поднесе оставка за покачување на струјата од 14 %, а во Македонија со Груевски на власт, цената на струјата, на барање на ЕЛЕМ порасна за 82 %, а цената на МЕПСО за дури 180 % и згора на се’ е укината и дневната евтина тарифа.

Борисов меѓу другото поднесе оставка и затоа што полицијата се судри со демонстрантите“, рече Зоран Јовановски.

Според Јовановски, наспроти оставката на Борисов меѓу останатото и за судирот на полицијата со демонстрантите, во Македонија од Собранието насилно биле исфрлени новинари и опозициски пратеници.

„На „црниот понеделник“, режимот во Македонија не се судри само со демонстрантите на улица, туку со брутално полициско насилство ги отстрани новинарите и буквално ги исфрли опозициските пратеници од сред Собрание.

Да не заборавиме дека во Македонија има и политички затвореници, медиумски мрак, се случи Мартин Нешковски, овој режим едноставно секојдневно ги задушува граѓанските слободи и права, а притоа на народот му го цеди последниот денар од џебот.

И покрај тоа Никола Груевски се држи за фотељата и се обидува да создаде илузија дека неговата Влада има легитимитет и упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните на слободни и фер парламентарни избори“, додаде Јовановски.

Порача дека формата на нивното политичко дејствување и пружање отпор е единствениот начин државата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока. Примарната цел на нивното движење било граѓаните да не учествуваат на локалните избори и со тоа да покажат дека власта нема легитимитет.

„Токму затоа нашата форма на политичко дејствување и пружањето на отпор е единствениот начин за земјата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока.

Примарната цел на нашето движење е граѓаните да не учествуваат на локалните избори и со тоа да му ја разбијат илузијата на Никола Груевски дека неговиот режим има легитимитет“, изјави Зоран Јовановски.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски30/06/2025 - 13:5130/06/2025 - 14:30

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Горан Наумовски29/06/2025 - 19:51

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:08

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски29/06/2025 - 12:3629/06/2025 - 12:36

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

Горан Наумовски29/06/2025 - 11:39

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја

Горан Наумовски29/06/2025 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен